Јунајтед го начека „фенерџијата“ за најубедлива победа сезонава (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се доближи на еден бод од местата кои водат во Лигата на шампионите откако вечерва го совлада најслабиот тим во Премиер лигата, Вулверхемптон како гостин со 4-1.
 

Тоа е највисока победа за „ѓаволите“ оваа сезона, неколку пати триумфираа со два разлика, но вечерва првпат беше подобар од својот ривал со три гола плус. Интересно е тоа што дури во второто полувреме Јунајтед избегна срам бидејќи по 45 минути игра, резултатот беше 1-1.

Резултатот го отвори Бруно Фернандеш во 25. минута со еден од најчудните голови во својата кариера. Во судиското продолжение израмни Белгард и се чинеше дека Вулверхемптон би можел да направи сензација на овој меч. Сепак, во вториот дел Мбеумо го врати Јунајтед во водство, а Маунт и потоа Фернандеш од пенал се погрижија за конечните 4-1.

Јунајтед со ова се искачи на шестата позиција на табелата со 25 бода, колку што има и петтопласираниот Челси, а еден помалку од Кристал Палас кој е на четвртата позиција. Засега далеку напред се Астон Вила, Манчестер Сити и Арсенал.

Standings provided by Sofascore