Влезе Пулишиќ, Милан со мега пресврт ги однесе бодовите од Торино (ВИДЕО)
Домаќините водеа со 2-0 по само 17 минути игра, за со три гола во продолжение Милан да се избори за нов важен триумф во борбата за титулата. Влашиќ од пенал и Запата го донесоа Торино до убедливо водство во раната фаза од мечот, во 24. минута намали Рабио, но до влегувањето на Пулишиќ, Милан изгледаше безопасен и се чинеше дека ќе има многу проблеми да стигне барем до бод.
И потоа - земјотрес. Само една минута откако влезе во игра, Американецот го израмни резултатот за нешто подоцна да го комплетира пресвртот на неговиот тим. Меѓу другото, со двата гола, Пулишиќ се израмни со Лаутаро Мартинез на врвот на листата на стрелците во Серија А, со по седум погодоци.
Милан со ова остана на врвот на табелата со идентичен број бодови како Наполи (31), но со подобра гол разлика во однос на шампионот. Зад нив е Интер, а потоа следува Рома која влезе во мала криза и ги загуби последните два меча во Серија А.