
Шкендија без притисок гостува во Баку - ќе се обиде да го изненади Карабах!
Шкендија се надева на изненадување во реваншот, а тренерот Јетон Беќири посочи дека тетовци не чувствуваат притисок пред пресметката со Карабах.
„Многу е важно да разбереме дека немаме што да загубиме во ваква ситуација, по поразот во првиот натпревар. Најважно е да влеземе добро во натпреварот и да се потрудиме со сите сили“, кажа Беќири.
Екипата од Тетово веќе си обезбеди околу пет милиони евра, односно место во групната фаза на Конференциската лига, но ќе се обиде да го изненади Карабах за да се дојде до поголем финансиски приход, но и место во Лигата на Европа.
Шкендија во плејофот на ЛШ би играла со победникот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош, доколку претходно го елиминира Карабах, а во случај на пораз, тогаш во плејофот на Лига Европа ќе се соочи со поразениот од таа пресметка.
Реваншот меѓу Карабах и Шкендија се игра денеска во Баку од 18 часот.