Елмас се подготвува за сензационално враќање во Наполи!?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најверојатно нема уште долго да остане во Лајпциг, а „Кориере дело Спорт“ објави дека постои опција за негово враќање во Наполи.

Елмас минатата сезона заигра на позајмица во Торино, откако не добиваше голема минутажа во Лајпциг, но сега се отвора шанса повторно да го носи дресот на тимот со кој стана шампион на Италија.

Наполи наскоро би требало да испрати понуда до бундеслигашот за услугите на македонскиот репрезентативец, а засега не е познато дали Лајпциг ќе го пушти да се врати во Серија А.

Елмас во кариерата играше за Работнички, Фенербахче, Наполи, Лајпциг и Торино.