
Мурињо го бара Димитриевски да брани за Фенербахче
Мурињо сака да го ангажира Димитриевски, кој не е среќен во Валенсија и веќе некое време има шпекулации за неговата иднина.
Димитриевски во кариерата бранеше за Работнички, Гранада, Кадиз Б, Химнастик, Рајо Валјекано и Валенсија, а го носи и репрезентативниот дрес.
Македонскиот голман во изминатиот период се поврзуваше и со шпанската екипа Елче и Мајорка, но Фенербахче делува како подобра опција во моментов.