
Македонија пред Лихтенштајн ќе игра против - Саудиска Арабија
На 7 септември во Скопје ќе гостува Лихтенштајн, но Фудбалската федерација закажа и еден пријателски меч три дена порано. Ривал ќе ни биде Саудиска Арабија, а натпреварот ќе се игра на стадионот Викторија во Прага.
Македонија досега два пати се сретна со Саудиска Арабија, еднаш во Ријад и еднаш во Абу Даби. Во Ријад играше на 1 август 2001 година и тој меч заврши без победник (1-1), додека мечот во Абу Дабу беше на 22 октомври 2022 година и на него Саудијците победија со 1-0.