
Грилиш и официјално го напушти Манчестер, во иднина ќе игра во Ливерпул!
Во договорот е вклучена клаузула за откуп во висина од 50 милиони фунти — двојно помалку од сумата што „граѓаните“ ја платија на Астон Вила за неговиот трансфер. Грилиш во изминатите четири сезони одигра 157 натпревари во дресот на „граѓаните“, постигна 17 гола и оствари 23 асистенции. Со клубот од Манчестер освои три титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите. Во Евертон ќе го носи дресот со број 18, а целта му е преку настапите за тимот од Ливерпул да обезбеди место во составот на Англија за Светското првенство 2026. Доколку клубот го откупи, договорот ќе трае до летото 2029 година.
Грилиш изјави дека е „пресреќен“ по потпишувањето и откри дека бројот 18 го избрал поради своите идоли - Вејн Руни и Пол Гаскоњ.
„Ова е голем клуб со големи навивачи. Уште кога зборував со менаџерот, знаев дека ова е единственото место каде што сакам да бидам. Поддршката што ја добив од навивачите на социјалните мрежи беше огромна и им благодарам за тоа“, изјави тој за клупскиот сајт.