
Традицијата против Синер - 17 години никој не успеал да ја одбрани титулата во Њујорк
Титулата во Њујорк ќе ја брани Јаник Синер кој има шанса сезоната да ја заврши со три Гренд слем трофеи, но против себе, освен Алкараз и останатите тенисери, ќе ја има и традицијата. Таа вели дека од Федерер во 2008 година, ниеден тенисер не успеал да ја одбрани титулата на турнирот.
Синер во секој случај е прв фаворит, меѓу другото и поради тоа што три месеци одмораше и сега е во врвна форма, но далеку од тоа дека ќе му биде лесно во Њујорк.