Моника Селеш боледува од ретка болест: Тешко е, ми се смени секојдневието

Поранешната светска шампион и добитничка на девет грен-слем титули за првпат јавно откри дека боледува ретка болест за која првпат дознала пред три години.

Станува збор за Мијастенија гравис, невромускулна болест која предизвикува замор дури и при најмал напор. Првите симптоми, Селеш ги забележала пред три години додека играла тенис со семејството и пријателите.

„Додека играв тенис со членови на моето семејство за малку ќе промашев топче. Во еден момент ми изгледаше дека гледам две топчиња и тоа се симптоми кои не можеш да ги игнорираш“, изјави 51-годишната Селеш и продолжи:

„Тука започна мојот пат, ми требаше време да прифатам и да зборувам отворено, бидејќи навистина беше тешко, болеста ми го менуваше секојдневието.

Призна Селеш и дека никогаш претходно не слушнала за болеста додека не посетила доктор.

„Во некои моменти дури и држењето на фенот додека сушев коса ми беше тешко“, призна поранешната светска шампионка.

Со јавното зборување токму пред Ју-Ес Опен кој стртува на 24 август  таа сака да ја подигне свеста за оваа болест и да помогне на другите кои се соочуваат со истата ситуација.

Фото: ЕPA