Аморим со господски потег ги освои срцата на навивачите на Манчестер јунајтед
Бизнисменот Сер Џим Ретклиф заедно со управата на „ѓаволите“ реши да не додели бесплатни билети за вработените во клубот, но затоа Аморим реши да го направи тоа и така да ги освои срцата на навивачите.
Аморим од својата плата ќе купи билети за 30 вработени, па така тие ќе можат да бидат присутни на „Сан Мамес“ и да го гледаат дуелот против Тотнем во финалето на Лига Европа.
Финалето меѓу Тотнем и Манчестер јунајтед е закажано за 21 мај од 21 часот.
Фото: Facebook/Manchester United