Вардар утре на ФФМ ќе ја пречека Струга

Утре Вардар и Струга го отвораат 31. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), мечот нема да се игра на Градски туку во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Според инфомрациите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Вардар на терените на ФФМ ќе ја пречека Струга. Ова ќе биде и увертира пред финалето од Купот на Македонија кој го играат овие две екипи.

Останатите натпревари од 31. коло ќе се играат во среда: Брера - Шкупи, Шкендија - Работнички и Тиквеш - Беса.

Поради откажувањето на Воска и Гостивар, службени бодови ова коло ќе добијат Пелистер и Силекс.

Сите натпревари почнуваат од 17 часот.