Тиквеш го задржа Кристијан Стојкоски - еден од најважните во тимот!

Фудбалскиот клуб Тиквеш, потврди дека фудбалерот Кристијан Стојкоски уште најмалку една сезона ќе го носи дресот на кавадаречкиот клуб.

Стојкоски е еден од најдобрите играчи на Тиквеш, па неговото продолжување на договорот значи многу за клубот од Кавадарци.

Тој во Тиквеш пристигна во јануари 2024 година и беше дел од тимот кој го освои Купот на Македонија.

Покрај Тиквеш, Стојкоски има играно за Македонија ЃП, Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс.

Ова е втор играч кој деновиве ја продолжи соработката со Тиквеш, претходно тоа го направи Александар Мишов.