Тетекс слави: Преку драма и пенали до Втора лига! (ФОТО)

Фудбалерите на Тетекс успеаа да се вратат во Втората лига откако денеска на бараж дуелот кој се играше во Ѓорче го совладаа Големо Коњаре на пенали 4-3 откако во регуларниот дел беше 2-2.

Teтекс одлично го започна натпреварот и дојде до предност од 2-0, но спека си дозволи во вториот дел набрзина да прими два гола со кои екипата на Големо Коњаре го израмни резултатот.

Во бараж дуелите продолженија не се играат, па така директно решаваа пенали каде што тетовскиот клуб успеа да се „извади“ и наредната сезона ќе игра второлигашки фудбал.

Место во Втората лига обезбедија уште екипите на Слога Виница и Шкендија Арачиново кои беа подобри од Преспа и Осогово