Шкендија Арачиново го доби Осогово за место во Втората лига!
Натпреварот во Кавадарци помеѓу Осогово и тимот од Арачиново беше означен како дерби на бараж дуелите и се играше пред голема борјка на публика, а на крајот славеше Шкендија со 1-2.
Од самиот почеток „црвено-црните“ беа поактивни и ја контролираа играта. Притисокот се исплати кога по еден корнер, судијата досуди пенал поради игра со рака на еден од одбранбените фудбалери на Осогово. Сигурен реализатор од белата точка беше Александар Ѓорѓиески, кој го донесе водството за Шкендија, со кое тимот замина на полувреме.
Во второто полувреме, Осогово тргна по израмнување и успеа да погоди преку Симоновски во 51. минута, но нивната радост не траеше долго. Само неколку минути подоцна, Шкендија повторно го најде патот до мрежата и го врати водството со голот на Бујар Иљази, кое успеа да го сочува до последниот свиреж и да обезбеди билет за настап во Втората лига.
Во другите два бараж натпревари, Слога Виница убедливо ја совлада Преспа со 0:3 на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје и обезбеди промоција, додека дуелот меѓу Тетекс и Големо Коњаре понуди вистинска драма.
Иако тетовци имаа предност од 0-2, Големо Коњаре успеа да се врати во игра и да израмни на 2-2, па пеналите решаваа. Таму тетовскиот клуб сепак беше подобар и дојде до победата.