Гаје одличен во Велс, Шкендија се враќа со реми!

Фудбалерите на Шкендија ремизираа во првиот натпревар од првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите на гостински терен кај ТНС одигрувајќи 0-0.

Во еден натпревар во кој двете екипи имаа по некоја прилика, домашниот состав прикажа нешто повеќе, посебно во првиот дел кога изгледаше дека констатно ја има контролата над натпреварот.

Одличен на голот на Шкендија, беше чуварот на мрежата Гаје кој запиша одлични интервенции и е најзаслужен што во Скопје тетовскиот тим нема да „брка“ негатива.

Сепак, свои шанси имаше и македонскиот шампион преку Адеми, Љатифи,Цаке, Фетаи... кои се закануваа на спротивната страна, меѓутоа и тука изостана реализацијата.

Реваншот е закажан за седум дена на арената „Тодор Проески“, а во Шкендија ќе се надеваат дека ќе го повторат успехот во 2018 година кога го елиминираа велшкиот тим во истата фаза.