
Тренчовски има нов клуб – седна на клупата на словенечки прволигаш!
Именувањето доаѓа по завршувањето на неговиот ангажман во Кувајт, а Македонецот веќе ги одработи првите тренинзи со екипата. Тренчовски, кој е познат по својата работа со млади фудбалери, во кариерата работеше во Беласица, Хоризонт, Кожуф и Брера, а беше и спортски директор на Академијата Пандев, како и селектор на младата репрезентација до 19 години.
„Веќе три години го следам Радомље и добро го познавам нивниот проект. Клубот има јасна визија – развој и промоција на млади фудбалери, нешто што веќе 12 години го работев во Македонија со клубот Брера. Радомље има сличен пристап, што беше клучно за мојата одлука,“ изјави Тренчовски по првиот тренинг.
Радомље минатата сезона беше прв над цртата за испаѓање од елитата, а амбициите сезонава се искачување неколку чекори погоре на табелата во првенството на Словенија.
ФОТО: NK-RADOMLJE