Стопер од БиХ е седмо засилување за Силекс

Eкипата на Силекс продолжи да се засилува за новата сезона и квалификациите во Конференциската лига, а ново име во Кратово е босанскиот интернационалец Едис Бутуровиќ кој е седмо засилување од почетокот на преодниот рок.

Станува збор за 22-годишен стопер кој пристигнува да ја зацврсти одбраната на актуелниот вицешампион откако во изминатата сезона во најсилното босанско првенство одигра 23 натпревари и постигна еден гол.

Во Силекс Бутуровиќ пристигнува од редовите на босанскиот Игман Коњиќ, а за него ова е прв ангажман надвор од БиХ. Претходно настапуваше за Велез, Мостар, Слобода Тузла и Радник Хаџици.

Пред него во Кратово пристигнаа: Mигуел Переш,  Миљан Говедарица, Мартин Мирчевски, Малик Хамзиќ, Кристијан Велиновски и Омар Беровиќ.