Федерер е рекордер, ама Енди Мареј ќе добие статуа на Вимблдон

На неколку дена пред почетокот на новото издание на тенискиот турнир, Вимблдон објави дека планира да го удостои Енди Мареј со статуа на Ол Ингланд клубот.

Британскиот тенисер, кој ја освојуваше титулата на Вимблдон во 2013 и 2016 година, лани објави крај на кариерата, а претходно стана прв Британец по пауза од 77 години кој триумфирал на овој турнир. Тој ќе биде вклучен во изработката на статуата, а организаторите се надеваат дека таа ќе биде откриена во 2027, на одбележувањето на 150-годишнината на Вимблдон.

„Сакаме да му направиме статуа на Мареј и напорно работиме со него и неговиот тим. Целта е свеченоста да се одржи на 150-годишнината на Вимблдон кој своето прво издание го имал во 1877 година. Видовме како беше почестен Рафаел Надал на 'Ролан Гарос' и сакавме истото да му го направиме на Енди“, порача претседателот на Ол Ингланд клубот, Деби Џеванс.

За разлика од „Ролан Гарос“ кој му оддаде почест на Надал како тенисер со рекорден број освоени трофеи (14), Вимблдон одлучи такво нешто да направи со Мареј затоа што е Британец. Рекордер на овој турнир е Роџер Федерер кој осум го освојуваше најстариот Гренд слем.