
Камерунско засилување за Арсими!
23-годишниот дефанзивен играч за Врска во Арсими доаѓа од екипата на Воска за која прикажа солидни партии.
Неговата игра му овозможи да се задржи во македонското првенство, од следната сезона ќе го носи дресот на Арсими.
„Неговите импресивни перформанси не останаа незабележани, веднаш привлекувајќи го вниманието на нашето раководство, кое ја победи конкуренцијата од многу тимови за да го ангажираат Камерунецот“, велат во соопштението од Арсими.
Тој кај нив доаѓа како слободен играч откако Воска се откажа од натпреварувањето.