
„Да сум му татко на Јамал, ќе му залепам една шлаканица...“
Со неполни 18 години, тој е еден од најдобрите во светот и легитимен кандидат за Златната топка, но голем е бројот на оние кои се иритираат и нервираат од неговото однесување. Меѓу нив е и поранешниот шпански репрезентативец и некогашен играч на Барселона, Нолито кој отворено призна дека не може да го поднесе тоа што го прави Јамал.
„Ламин Јамал мора да се води и насочува на врвен начин. Имајќи предвид што прави на овие години, како и неговиот потенцијал и притисокот што го носи фудбалот, тоа мора да биде одработено совршено.
Што се однесува до неговите качкети, очила за сонце и останатите работи, јас не сум му татко, но да сум, би му залепил таква шлаканица да не му текне повеќе да ги стави на себе. Едноставно, не го сакам тоа што го прави и не поддржувам такви работи. За се постои вистинско време и место, а ако веќе играте за Барселона, тогаш го претставувате клубот и сите негови вредности“, смета Нолито.