Боксер по брутален нокаут остана без сеќавањата од - последните шест недели (ВИДЕО)

Јапонскиот боксер, Џин Сасаки (23), доживеа сериозна повреда откако беше нокаутиран во борбата за светската титула во велтер категорија на ВБО.

Тој по тешкиот пораз од Американецот Брајан Норман Џуниор, се разбудил без сеќавања – не само на борбата, туку и на целиот период од претходните шест недели.

„Не памети ништо. Не знае ни дека воопшто имало закажана борба. Цели шест недели му се избришани од меморијата“, изјави неговиот тренер, Исеи Накаја

Инцидентот се случи во петтата рунда, кога Сасаки прими силен лев крошe директно во глава. Падна во несвест, а при падот со задниот дел од главата удри силно од подот на рингот, што предизвика дополнителни компликации. Иако по натпреварот беше веднаш префрлен во болница и подложен на компјутерска томографија, лекарите не откриле внатрешно крварење. Сепак, ударот во тилот предизвикал амнезија. Физички е без посериозни повреди, но останува под лекарски надзор и ќе биде подложен на дополнителни прегледи.

Брајан Норман Џуниор по овој триумф го задржа својот совршен биланс од 26 победи, додека Сасаки сега има 19 победи, два пораза и еден нерешен меч.