Мората се договорил со новиот клуб – се враќа во Серија А!

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е пред враќање во Италија и тоа во редовите на Комо кој од клупата е предводен од неговиот сонародник, Сеск Фабрегас.

Мората низ кариерата во Италија настапуваше за Јувентус и Милан со кого е уште под договор, но вториот дел од минатата сезона го помина во редовите на Галатасарај.

Според последните информации на италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо, Мората постигнал договор околу личните услови и прифатил да биде дел од проектот на Комо. Детали засега не се откриваат, но се наведува дека треба да се постигне договор помеѓу Милан и Галатасарај околу раскинот на соработката.

Комо е подговтен да го почека расплетот на ситуацијата и да се договори со Милан или Галатасарај кои треба да договорат дали Милан ќе ја прекине позајмицата или Галатасарај ќе го откупи неговиот договор, па ќе го продаде на Комо.