Млад Србин блесна во Чемпионшип, сега е пред трансфер во Премиер лигата!

20-годишниот српски напаѓач, Михаило Ивановиќ е пред трансфер во Евертон откако одигра одлична сезона за Милвол во Чемпионшип.

Ивановиќ постигна 13 голови во текот на сезоната и покажа импресивни игри кои им го фатија окото на повеќе клубови.

Евертон будно го следеше младиот фудбалер во текот на сезоната и загриза за него.

„Млад е, физички моќен и брз, вистински спортист. Повеќе е од обична „деветка“, фантастичен е и во играта со грб кон голот“, рече Стив Гален, спортскиот директор на Милвол.

Неговата вредност во моментов се проценува на околу четири милиони фунти, што не е проблем за ниту еден Премиерлигаш.

Покрај Евертон за него интерес има и од Вулверхемптон и Лацио.

Ивановиќ во Милвол пристигна минатото лето од Војводина за три милиони евра. Англискиот тим сака да го задржи, но за добра понуда би го продале.

Има одиграно и еден меч за најдобрата српска репрезентација, но влезе во финишот од мечот, па има помалку од десет минути.

Некои сметаат дека има потенцијал да биде главен напаѓач на Србија во иднина.

Фото: EPA Photo