Србљак по борба од речиси три часа го предаде мечот во Загреб

Македонскиот тенисер, Горзад Србљак го заврши настапот на фјучерсот во Загреб откако го предаде мечот против Украинецот, Нкита Мештаков кој на турнирот настапува како седми носител.

Србљак го предаде мечот по два часа и 45 минути при резултат 1-1 во сетови и 4-1 во гемови за противникот. Првиот сет македонскиот тенисер го доби со 6-4, откако направи пресврт по негатива од 2-0.

Во вториот сет Маштаков возврати исто така со 6-4, па мечот отиде во третиот одлучувачки сет каде што Србљак беше принуден поради повреда да се повлече.

На истиот турнир Калин Ивановски утре во меч од второто коло ќе се соочи со Србинот, Душан Обрадовиќ.