Германија ја потопи Франција и ќе игра во големото финале на ЕП У21!

Германија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство до 21 година, Германците се најдоа таму откако со убедливи 3-0 славеа над селекцијата на Франција.
 

Германските надежи отворија во голем стил. Вајпер во осмата минута донесе предност од 1-0, а само шест минути подоцна Волтамаде погоди за 2-0.

Франција се обидуваше да се врати во игра, но не успеа.

Резултатот беше актуелен се до 95. минута кога Германија преку Груда ги постави конечните 3-0.

Германија во финалето ќе игра против Англија која претходно со 2-1 славеше над селекцијата на Холандија.