
Падна Холандија, Елиот со два гола ја однесе Англија во финале!
Европското фудбалско првенство до 21 година дојде до самиот крај, денеска на програмата се полуфиналните пресметки, а во првата Англија ја совлада Холандија.
Мрежите мируваа повеќе од еден час, резултатот беше отворен во 63. минута кога Елиот донесе водство на Англија од 1-0.
Десет минути подоцна Охио само што влезе во игра изедначи на 1-1.
Сепак во 86. минута Елиот повторно стапи на сцена, даде уште еден гол за победа на Англија од 2-1 и ново финале на европските младински првенства.
Тие за трофејот ќе се борат со победникот од мечот меѓу Германија и Франција.
Фото: EPA Photo