Дортмунд со еден гол си ја заврши работата, Флуминенсе се протна во осминафиналето! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 1-0 го победи Улсан и го освои првото место во групата Ф, покрај нив во нокаут фазата од Светското клупско првенство ќе продолжи и Флуминенсе кој одигра без голови против Мамелоди.

Борусија Дортмунд беше фаворит во денешниот дуел, беше и подобар противник, но постигна само еден гол кој на крајот се покажа како доволен за победа.

Клучниот момент се случи во 36. минута кога по асистенција од Џоб Белингем, Свенсон реализираше за водство од 1-0, што беше и конечен резултат.

Флуминенсе и Мамелоди играа директен дуел за пласман во осминафиналето. Бразилскиот тим имаше бод повеќе, па му одговараше и реми. Тие се бранеа и на крајот се одбранија, мечот заврши 0-0.

Борусија Дортмунд со седум бодови го освои првото место во групата, втор е Флуминенсе со пет, Мамелоди освои четири, а Улсан го заврши натпреварувањето без бодови.

Фото: X/BVB