Македонските јуниорки го победија Косово, прв триумф во подготовките

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија во својот трет подготвителен натпревар ја забележа првата победа откако со 56-51 бевме подобри од Косово.

Мечот почна многу необично, Косово направи серија од 6-0, но потоа Македонките направија луда низа од 16-0 и дојдоа до предност од 16-6. На полувремето имавме предност од 35-23.

Во текот на вториот дел Косово ја топеше предноста на Македонија, но не успеа да го сврти мечот, нашите кошаркарки до 18 години славеа со 56-51.

Колева со 12 поени беше најефикасна во нашата селекција, Трајковска постигна 10, Алексова 8 поени.

Во петок во спортската сала Качаник, ќе има реванш меч меѓу Македонија и Косово.