Неверојатно: Првиот човек на Денвер проговори за можен трејд на – Никола Јокиќ!

Претседателот на Денвер нагетс, Џош Кренке, откри дека клубот се соочува со клучни финансиски одлуки пред новата сезона, вклучително и можноста да се откаже од својата најголема ѕвезда – Никола Јокиќ.

Причина за ова е надминување на дозволениот лимит за плати и влегување во зоната на „луксузна такса“, која ќе значи дополен трошок од стотици милиони долари.

„Влегувањето во втората 'опасна' зона (апрон - н.з) за нас не е застрашувачко, но мораме да бидеме внимателни со финансиските правила, особено со оглед на нашата историја со повреди“, изјави Кренке.

Во една од најконтроверзните изјави досега, тој дополни.

„Ако се повреди погрешеникошаркар, многу брзо ќе се најдеме во ситуација за која не сакам ни да размислувам – а тоа е трејд на број 15“, алудирајќи на Јокиќ, трикратен МВП и симбол на тимот.

Денвер изминатава сезона ја заврши на четвртото место во Западната конференција и со поразот од Оклахома сити тандер во конференциското полуфинале.

ФОТО: EPA PHOTO