Само една одлука го дели Роналдо од нов договор со Ал Наср

Според последните информации, Кристијано Роналдо прифатил да потпише нов договор со Ал Наср откако ги договорил речиси сите детали.

Постоеа шпекулации дека Роналдо може да ја промени средината и да заигра на Светското клупско првенство во САД, но на крајот тоа сепак не се случи и Португалецот ќе продолжи со настапите во Саудиска Арабија.

Роналдо постигнал договор со управата на саудискиот клуб, но останало отворено прашањето само уште на колку време ќе го продолжи договорот, една или две години. Ал Наср не му прави никаков проблем и португалскиот ас самиот ќе одлучи по што сè ќе биде и официјализирано.

Секако дека овој потег има големо значење за комплетниот фудбал во оваа земја бидејќи Роналдо освен што пристигна да му помогне на Ал Наср, тој е вистински амбасадор на фудбалот во Саудиска Арабија во последните години.

Ќе потсетиме, Ал Наср денес претходно ја потврди разделбата со тренерот Стефано Пиоли, па во наредниот период ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб.