Вирусот го „исцедил“ Мбапе – изгубил пет килограми! (ФОТО)

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе во изминатиот период се соочи со вирус поради кој како што пренесуваат шпанските медиуми изгубил пет килограми.

Мбапе отпатува со Реал Мадрид на Светското клупско првенство, но поради здравствените проблеми не настапи во првите две кола против Ал Хилал и Пачука.

Напаѓачот неколку дена поминал во изолација и затворен во соба, сега проблемите се зад него, но сето тоа оставило трага. Шпанските медиуми пишуваат и дека последиците од вирусот со кој се борел Мбапе може да се забележат и по неговиот изглед.

Во овој момент не е познато дали Мбапе ќе биде во комбинација за настап во последното коло против Салцбург.

„Килијан се чувствува малку подобро, но не доволно добро, бидејќи е претопло. Ќе чекаме до пследен момент за да видиме дали ќе може да настапи“, изјави тренерот Алонсо.