Англиски фудбалер беснееше на базен и со столче погоди жена (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави скандалозна снимка во која во центарот на внимането е напаѓачот Киан Харт кој настапува за англискиот нисколигаш Олдам.

Имено, фудбалерот додека бил на базен со своите пријатели во еден момент ги загубил нервите, па во таа ситуација настрадала една повозрасна жена. Жената која прво се обидуваше да ја смири тензијата беше удрена од фудбалерот со столче директно во глава.

Засега не е позната причината за ваквото однесување на Харт кој низ кариерата настапуваше за повеќе англиски нисколигаши.