Напаѓачот на Интер возел 1.000 километри за да избега од бомбардирањето во Иран

Напаѓачот на Интер Мехди Тареми кој избувнувањето на воениот конфликт со Израел го затече во неговиот Иран успеал да го напушти Техеран, пренесува „Газета дело Спорт“.

Имено, Тареми успеал по долг пат со својот автомобил да пристигне во неговиот роден град Бушех и за тоа го известил тренерот Кристијан Киву.

За да дојде до ова место тој со автомобил поминал повеќе од 1.000 километри.

„Семејството го чекаше да се врати по ризичното патување на југот на земјата. Тареми го одржуваше контактот со менаџерот на тимот, разговарал со тренерот Киву и константно бил во разговори со соигачите на ВатсАп група“, пренесува „Газета“.

Тареми сега тренира самостојно со цел да ја одржува формата и чека шанса ако е можно да ја напушти земјата и да дојде до САД каде што Интер учествува на Светското клупско првенство.