Тимот со кој Оукланд освои речиси милион долари – од магационер до фризер! (ФОТО)

Аматерскиот тим на Оукланд од Нов Зеланд вчера успеа да го освои првиот бод на Светското клупско првенство и по поразите од Баерн (10-0) и Бенфика (6-0) ремизираа со аргентинскиот гигант Бока Јуниорс одигруваајќи 1-1.

Ова реми иако не значи ништо бидејќи Оукланд секако нема шанси за следна фаза, сепак донесе голема радост бидејќи станува збор за полуаматерски клуб во кој фудбалерите имаат и други професии од кои егзистираат.

Позната беше веќе приказната за голманот Конор Трејси кој работи како магационер, но во редовите на Оукланд има уште: Агент за недвижности, инженер, фризер, рабтник во производство, оператор на машина, наставник, трговец...

Токму затоа и наградата о 930.000 долари која е најголемата во клупската историја има огромно значење за сите во тимот.

Фото: Auckland City Football Club/X