
Полјаците бесни на Роналдињо: Очекувале шоу, добиле големо разочарување!
Полските медиуми пренесуваат дека сите биле разочарани од Роналдињо кој прво доцнел два часа на ручекот кој претходел на официјалниот програм. Подоцна тој не сакал никаква интеракција со медиумите, иако истата била предвидена со цел подобра промоција на настанот.
Се пишува и дека побарал посебен превоз до стадионот бидејќи не сакал да дели автомобил со останатите кои биле дел од настанот.
Кога е хуманитарниот натпревар, Роналдињо одиграл 73 минути и веднаш го напуштил стадионот, без никаква комуникација. Неколку часа по натпреварот преку друштвените мрежи се заблагоддари на сите кои присуствувале на настанот, меѓутоа тоа било премалку од негова страна во споредба од она што се очекувало.
Фото: FIFA/X