
Б.Б. ОД ОХРИД ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕНИОТ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА
Во Видеолотарија Касинос Австрија конечно пристигна нашиот најсреќен играч, кој сите го очекувавме со нетрпение.
Б.Б. од Охрид ја освои најпосакуваната добивка-Премиум џекпот, па конечно ќе може да го вози фантастичниот автомобил- МЕРЦЕДЕС АМГ.
Играчот кој сакаше да остане анонимен, со нас сподели дека ова не е неговата прва значајна добивка. Претходно во Америка, како што ни раскажа, во два наврати, веќе освоил парички добивки. Еднаш 260.000 долари, а во вториот случај 140.000.
На добивката ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ-МЕРЦЕДЕС АМГ и се радува многу, особено затоа што и самиот е голем љубител на добри автомобили. Автомобилот е фантастичен, ќе го возам со задоволство, ни изјави Б.Б. Додаде дека нема среќна игра, игра по случаен избор, во миговите кога ќе реши да се забавува.
Добивката ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ- МЕРЦЕДЕС АМГ, играчот Б.Б. ја освои на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Клуб спорт 77, на 07.06.2025 во 19.37 часот.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија на среќниот играч Б.Б. со задоволство му честита за освоената добивка.