На повидок љубовна романса: Алкараз го освоил срцето на негова колешка?!

На светската тениска сцена би можеле да добиеме романтичен пар, Карлос Алкараз и Ема Радукану, кои многу често во последниот период се појавуваа заедно во јавноста.

Неодамна беше потврдено дека двајцата 22 годишници ќе играат заедно во мешани двојки на УС Опен кој се одржува во август, а сега Радукану се појави во Лондон каде што го гледаше Алкараз во полуфиналето против Роберто Баутиста. Присутните во блиизна на тенисерката коментираат дека Радукану не ги криела емоциите додека навивала за Шпанецот, па така следуваа бурни реакции.

Прашање за присуството на Радукану на трибините доби и Алкараз по мечот.

„Мило ми е што беше таму. Мислам дека беше прекрасно што дојде“, изјави Шпанецот со насмевка.

Алкараз исто така порача и дека наскоро ќе возврати со тоа што ќе ја поддржи Радукану на некој од нејзините следни мечеви.

Медиумите потсетуваат и на изјавата на Алкараз од финалето на Вимблдон во 2023 година, кога исто така Радукану се појави на трибините.

„Барам некого. Тешко е за тенисерите да пронајдат вистинска личност кога постојано патуваат“, изјави тогаш Алкараз.

Останува периодот кој следи да покаже дали ваквите шпекулации за љубовната романса ќе бидат потврдени.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @emmaraducanu

Фото: EPA