Голови во судиските продолженија му донесоа победа на Челси и место во осминафинале (ВИДЕО)

Челси го совлада тунискиот Есперанс со 3-0 во директниот дуел за второто место во групата и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето од Светското клупско првенство.

Сите три гола, „сините“ ги постигнаа во судиските продолженија, два во првото и еден во второто полувреме. Отвори Адарабиојо, а потоа Делап го постигна првиот официјален гол откако пред неколку недели стана играч на Челси. Сето тоа се случуваше во третата и петтата минута од судиското продолжение во првиот дел, додека конечниот резултат го постави Џорџ во 97. минута.

Во вториот меч од оваа група, Лос Анџелес и Фламенго одиграа без победник (1-1), но тоа му беше доволно на бразилскиот тим да ја освои челната позиција на табелата во групата.

Во осминафиналето, Челси ќе се сретне со Бенфика која го освои првото место во групата Ц, додека Фламенго кој заврши пред „сините“ за противник ќе го има Баерн.