
Еврогол на Закариќ му донесе победа на Вардар против Рапид Букурешт (ВИДЕО)
Претходно, „црвено-црните“ го победија Будуќност од Подгорица со 3-0, а загубија од Олимпија со 0-2. Моментот на одлука денеска се случи во осмата минута кога Закариќ со прекрасен удар од десната страна го совлада противничкиот голман Столц. Натпреварот немаше некоја особена динамика што и не е изненадување ако се знае дека екипите се во фаза на подготовки и воигрување.
До враќањето во Скопје, планирано е Вардар да одигра уште еден пријателски меч, против Марибор на 28 јуни од 17:30 часот. Првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига е на 10 јули, против Ла Фиорита во Скопје.