Крај на сите шпекулации: Позната иднината на Нејмар!

Бразилецот Нејмар постигнал договор со Сантос околу продолжуваање на соработката и се очекува до крајот на оваа недела да пристигне официјална потврда.

Претседателот на Сантос во текот на денешниот ден би требало да има средба со таткото на Нејмар и да ги договори сите детали околу новиот договор. Актуелниот договор на Нејмар со Сантос истекува со крајот на овој месец.

Тешеира уште претходно овој месец најави дека постои можност клубот да го задржи Нејмар и покрај шпекулациите за преговори со неколку екипи од Европа.

Според новиот договор Нејмар ќе има бонуси кои ќе бидат поврзани со бројот на одиграни натпревари и постигнати голови.

Откако се врати во Сантос од саудискиот Ал-Хилал 33-годишниот Нејмар постигна три гола и подели три асистенции на 12 натпревари за браизлскиот тим.

Фото: Santos FC/FB