Кристијано Роналдо остана без тренер

Саудискиот прволигаш Ал Наср официјално објави дека се раздели со досегашниот тренер Стефано Пиоли.

Италијанскиот стручњак беше на функцијата само една сезона, но не успеа да освои трофеј и веројатно тоа е причината што му беше доделен отказ. Сепак, многу веројатно Пиоли нема да биде долго без ангажман бидејќи се очекува да ја преземе Фиорентина чиј тренер беше од 2017 до 2019 година.

Што се однесува до Ал Наср, во комбинација за испразнетото место е довчерашниот селектор на Италија, Лучано Спалети.