Шекил Онил прави супер тим, но не во НБА, туку во Европа

Од неодамна, легендарниот американски центар Шекил Онил е ко-сопственик на италијанскиот прволигаш Наполи, а заедно со своите партнери, има намера од овој клуб да направи чудо во земјата и во Европа.

Лани Наполи го освои првиот трофеј во својата историја и тоа во Купот на Италија, но не планира тука да застане.

„Шек е возбуден и нестрплив да стане дел од проектот што го правиме во Неапол. Тој не е само кошаркарска легенда, туку влијателна култура. Кога му ја претставивме визијата за клубот, неговиот менаџер и тој веднаш се вљубија во нашата приказна. Сака да направиме чудо, глобален клуб, а шармот на Шек, неговата природа и посветеност го чинат идеален партнер“, вели Мет Рицета кој е претседател на Наполи.

Кошаркарскиот клуб Наполи постои од 2016 година кога го основаше Чиро Руџерио и потоа купи место во Серија Б.