Гилџес Александер ќе добие рекорден договор по освоената шампионска титула

Канадскиот репрезентативец Шеј Гилџес Александер во неделата ја освои својата прва шампионска титула во НБА, а со тоа го исполни и последниот услови за потпишување нов супермаркс договор, според правилата на лигата.

За супермакс договор, меѓу другото, потребно е МВП признание и избор во идеалните петорки на лигата, нешто што Гилџес Александер постигна оваа сезона.Така, од сезоната 2027/28, кога ќе му заврши актуелниот договор, тој може да се обврзе кон Оклахома за рекордни 380 милиони долари за пет сезони. Просечната заработка во таков случај би изнесувала 76 милиони долари годишно, но бидејќи платата оди скалесто, во последната сезона (31/32) ќе достигне 87 милиони долари.

Претходните години уште неколку НБА ѕвезди потпишаа супермакс договори, но тие се далеку од сумата што може да ја добие Гилџес Александер. На пример, лани Џејсон Тејтум потпиша петгодишен договор за 314 милиони, пред две години неговиот соиграч Џејлен Браун доби 304 милиони за пет сезони, а Никола Јокиќ 270 милиони долари за истиот период.

фото: EPA Photo