
Прва победа за младинците на СП: Го прегазивме Мексико со 20 голови разлика!
Мексиканците го отворија натпреварот со водство од 1-0, но се во продолжение помина во знакот на Македонија.
Многу брзо избраниците на Раде Стојановиќ го наметнаа своето темо и победата беше најавена уште по првото полувреме во кое постигнавме дури 21 гол, а примивме само девет.
Сликата не се промени ниту во вториот дел, Македонја доминираше и водството растеше од минута во минута, па така на крајот и славевме победа со 20 голови разлика.
За Македонија ова беше прв триумф по поразите од Фарски Острови, Романија и Исланд во групната фаза и вчерашниот од Мароко во разигрувањето.