
Уште една потврда дека е најголем: Меси има 33 од 33 во групните фази во кариерата!
Тој со синоќешната промоција на Интер Мајами во осминафиналето на Светското клупско првенство (СКП) продолжи уникатна традиција која започна во Барселона и со репрезентацијата на Аргентина. Секоја од 33-те кампањи на големи турнири во кои настапувал завршувала со пласман понатаму – апсолутен рекорд во светскиот фудбал. Оваа бројка е и поголема, со оглед што минувал групна фаза и на Олимписки игри и на Мундијал и Јужноамериканско првенство со У20 селекцијата на „гаучосите“, што не е земено в предвид.
Меси дури 19 пати ја минувал групата во Лигата на шампионите, седум пати на Копа Америка, пет пати на Светски првенства и по еднаш на Светското клупско првенство и Купот на лигите. Неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо, пак, има пет елиминации во групни фази, најчесто со португалската репрезентација.
ФОТО: X / @InterMiamiCF