
Месињо за првпат се сретна со Меси: Кога ми намигна, нозете ми се тресеа (ВИДЕО)
Фудбалерот на Палмеирас има прекар „Месињо“ и го добил токму поради Аргентинецот кој е негов идол. Уште на полувремето Вилијан го замени дресот со Меси, додека по натпреварот опиша како се чувствувал во моментите на средбата.
„Кога Меси ми намигна носете ми се тресеа, тоа беше надреално. Тој е мој иддол и не само мој, туку на целиот свет. За мене беше огромна чест што можам да го делам теренот со него“, порача Вилијан.
Инаку, Вилијан важи за еден од најголемите таленти во овој момент и нареднат сезона ќе го гледаме во дресот на Челси, може да игра како десно крило и полушпиц. За него Челси плати 34 милиони евра, а трансферот со бонуси може да достигне и вредност од 60 милиони евра.
Estevao and Messi swapping shirts at halftime 🤝
— Conn (@ConnCFC) June 24, 2025
pic.twitter.com/dQyaOpllj8