
ЖФК Љуботен во Скопје ќе води битка за ЛШ!
Како шампиони на Македонија Љуботен доби повторно можност да ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите каде што во полуфиналето од турнирот ќе се сретне со НСИ Рунавик од Фраски Острови, додека во второто полуфинале играат НСА Софија и Пјуник.
Победникот на турнирот ќе избори за место во следната фаза. Во договор со учесниците одлучено е македонскиот претставник да биде организатор, а турнирот ќе се игра во Скопје на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“.
Полуфиналните средби се планирани за 30 јули, додека финалето е закажано за 2 август.