Ѓоковиќ му „понудил“ бизнис-соработка на Циципас: Грчкиот тенисер има услов! (ФОТО)

Kaко што стојат работите, Новак Ѓоковиќ во блиска иднина би можел да се преели во Атина, а таквите најави предизвикаа воодушевување кај грчката јавност, но и кај тенисерот Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ и Циципас се во Лондон каде што се подготвуваат за настапот на Вимблдон. Двајцата тенисери ја имаа и првата средба на лондонската трева.

По нивната средба грчкиот тенисер на социјалните мрежи објави фотографија со Ѓоковиќ на кој во описот се пошегува со преселбата на Новак во Атина.

„Новак: Па...кога отвораме грчка таверна?

Јас: Кога ќе научиш конечно да правиш цацики без да користиш јогурт од соја“, стои во објавата на грчкиот тенисер.

Со оваа објава Циципас алаудираше на начинот на исхрана на Ѓоковиќ бидејќи е познато дека српскиот тенисер не конзумира производи од животинско потекло, вклучувајќи ги и млечните состојки кои се коритат за традиционалниот грчки рецепт.

Фото: EPA