ЖФК Љуботен во квалификациите за ЛШ доби противник од Фарски Острови

Eкипата на ЖФК Љуботен и во наредната сезона ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите, а на денешната ждрепка во Нион тетовскиот клуб до противник од Фаски Острови.

Противник на Љуботен на мини турнирот во полуфиналето ќе му биде НСИ Рунвик од Фарски Острови. Доколку фудбалерките на македонскиот претставник го елиминираат Рунавик ќе одат на подобриот од второто полуфинале во оваа група 3 НСА Софија и Пјуник од Ерменија.

Турнрот според најавите треба да се одржи од 30 јули кога се планирани полуфиналните средби до 2 август за кога е закажано финалето.