Нико Вилијамс го направил најважниот чекор - ги известил во Билбао дека сака да си оди

Повеќе нема дилеми дека Нико Вилијамс идната сезона ќе го носи дресот на Барселона и со тоа ќе ја исполни својата голема желба.

Медиумите во Шпанија денеска објавија дека крилниот играч официјално го известил раководството на Атлетик Билбао дека сака да си оди и дека својата кариера ќе ја продолжи во Барселона. Од баскискиот клуб долго време не сакаа да ја прифатат реалноста и одбиваа да го продадат Вилијамс на Барса, па тајно преговараа со Баерн, во надеж дека ќе го откажат својот голем ривал, без разлика дали ќе добијат повеќе или помалку пари.

По овој потег на 22-годишниот фудбалер, Барселона планира да ја активира откупната клаузула идната недела, на 1 или 2 јули со цел да избегне овој трансфер да влезе во книгите за оваа сезона којоа официјално завршува на 30 јуни. Отштетата ќе изнесува вкупно 62 милиона евра од кои 58 милиони се за откупната клаузула и уште четири милиони данок.

Желбата на сите во Барселона е да го имаат Вилијамс на почетокот на подготовките кои стартуваат на 14 јули.